Ужина

Чоколадни мафинисе чита за 1 минути

Мафините се премногу сочни, дури и кога се изладени, но моја препорака е да ги јадете топли за подобар вкус.

Рецептот не е потребно да го модифицирате, но доколку сакате, може да ги декорирате со 50 гр. црно чоколадо и 30 гр. матена млечна павлака, или овошје по избор.

Рецепт

  • 2 Јајца
  • 60 гр. Путер
  • 60 гр. Спелтино брашно
  • 100 мл. Вода
  • 30 гр. Какао
  • 50 гр. Кокосов шеќер
  • 1 лажичка Пециво

Инструкции за готвење

1 | Подготовка

Најпрвин водата заедно со какаото се загрева. Треба само да проврие и убаво да се измеша за да нема топчиња од самото какао. Па, смесата се остава да се лади.

Путерот најдобро е да е на собна температура и се мати заедно со шеќерот.
Наместо кокосов шеќер може да користите и друга замена како стевија, фруктоза ( во краен и најлош случај ) или некоја друга замена за шеќер во гранули.

Кога ќе се изматат пенасто, се додаваат двете јајца и се мати се заедно уште 1 минута.
Во истиот сад, се додава какаото, брашното и пецивото и се заедно се мати со миксер.

2 | Печење

Користете калапи што имаат нелеплива површина.
Се полнат калапите, во овој случај беа 8 помали, и се печат во претходно загреана фурна на 160 степени. Печењето треба да е околу 20-23 минути, за да останат сочни.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар