Готвиме појадок со/ Појадок

Полнето индиско лепче со моцарела и печуркисе чита за 1 минути

Полнето индиско лепче со моцарела и печурки

Рубриката “Готвиме со” ја започнуваме со Марјана Петрушевска која подготви брз и лесен појадок, кој може да го спремите за десетина минути. Останатите рецепти на Марјана можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.

Рецепт

ЗА ЛЕПЧЕТО

  • 120 гр. Интегрално брашно
  • 50-60 мл. Вода
  • Сол

ФИЛ

  • 50 гр. Печурки
  • 100 гр. Моцарела во вода
  • 3 супени лажици Доматно пире

Инструкции за готвење

1 | Подготовка

Се замесува и се дели на два дела . Секој дел се расукува подеднакво на намрсена хартија. На едниот дел се става фил по избор (во овој случај моцарела, доматен сос, печурки и зачини) се поклопува со другата кора и се затвора странично да не излезе филот.

2 |  Пржење

На тефлонско тавче се става малку путер, па се пржи едната страна од лепчето 1-2 минути. Се превртува од другата страна и повторно се премачкува со малку путер. Постапката ја повторуваме 2 до 3 пати и за вкупно 10 мин. ќе имате убаво крцкаво полнето индиско лепче.

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар