Ужина

Домашни бисквити

Домашни бисквити

Идеална здрава замена за готовите процесирани бисквити. Многу се вкусни и по неколку денови. Излегуваат тродупло од она што е на сликата пред печење.

Рецепт

  • 450 гр Интегрално пченично брашно
  • 100 гр Путер
  • 6 лажици Кокосов шеќер
  • 1 Јајце
  • 1 Белка
  • 1/4 мала лажичка Сода бикарбона
  • 130 мл Вода

ЗАЧИНИ

  • Ѓумбир
  • Цимет
  • Мускатно оревче

Инструкции за готвење

1 | Подготовка

Го растопувате шеќерот на средна температура и цело време мешате. Кога ќе биде убаво растопен, ги додавате путерот и водата и мешате се додека не се добие карамел.

Ако имате време ладете на собна температура. Јас немав толку време и во голем сад со ладна вода го ставив тенџерето да се излади и после 15 минути тенџерето го ставив во замрзнувач.

Откако ќе се излади карамелот ќе добие малку на густина, и потоа го вадите и го додавате во садот со брашното. Во истиот сад ги додавате содата, јајцето и белката и месите се додека не добиете хомогена смеса.

Во проѕирна фолија го замотувате тестото и го ставате во фрижидер половина час.

2 | Печење

Ако сакате да ви се тенки, сукате скроз тенка кора. Откако ќе ги направите формите, ја вклучувате рерната на 200°Ц и печете 15 минути.

СOВЕТ: Јас расукувам на масло, затоа што ако наросите брашно, може да остане на нив и да бидат посуви.

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар