Домашната бајадера ми беше и секогаш ќе ми остане како храна за среќа. Па како минуваа месеците во траен режим, така повеќе се зацврстуваше идејата дека ќе успеам и хроно бајадерата да направам.
Не само што ја направив туку освојува со вкусот на оревите и бадемите во комбинација. А и вкусот на домашните бисквити и дава посебна убавина.
После овој рецепт, не ми недостига домашната традиционална бајадера.
Рецепт
- 300 гр Домашни бисквити
- 200 гр Бадеми
- 200 гр Ореви
- 150 гр Путер
- 250 мл Вода
- 130 мл Агаве сируп
- 30 гр Чоколадо со 85% какао
ЗА ГЛАЗУРА
- 100 гр Чоколадо со 85% какао
- 1 лажичка Путер
- 1 лажичка Вода
- 1 лажичка Маслиново масло
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на бајадерата
Во подлабок сад се ставаат смелените бисквити, ореви и бадеми. Се мешаат убаво.
Настрана во сад се загрева водата и агаве сирупот. Кога ќе почнат да вријат се мешаат една минута и се тргаат настрана. Се додава путерот и се меша се додека не се растопи убаво.
Така врел шербетот се истура во садот со сувите состојки и се меша додека не се добие хомогена смеса.
Истата смеса се дели на два дела. Во едниот дел се става растопеното чоколадо кое можете да го растопите на пареа.
Во садот во кој ќе ја ставите бајадерата најдобро е да ставите фолија за подобро да ја исечете.
2 | Подготовка на глазурата
Глазурата се прави на пареа, но на тивок оган за да може убаво да се растопи чоколадото. Сите состојки ги ставате заедно и цело време мешате додека не се добие мазна структура.
Се истура врз бајадерата и така подготвена се остава во фрижидер на 3-4 часа.
Кога ќе се излади, се сече по желба.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене