Ако немате идеја што да правите со старото лепче ѕирнете го денешниот специјалитет за појадок. Денес готвиме заедно со Емилиа Донева која ни подготви полнето лепче со јајца и сланина, потпечено во рерна. Останатите рецепти на Емилиа можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Рецепт
- 1 стара Лепиња
- 2 Јајца
- 100 гр. Сланина
- 1 Домат
- 2-3 Зелени пиперки
- 1 Кромид
- Магдонос
- Сол и бибер
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Ги сецкаме на коцки зелените пиперки, кромидот и сланината. Ја отстрануваме средината од лепчето за да напраивме место за полнењето и истата ја сецкаме на коцки.
На загрена тава на малку путер ги пропржуваме, пиперките, кромидот, сланината и средината од лепчето. При крај додаваме еден сецкан домат и зачини по вкус.
2 | Печење
Го полниме лепчето со пржениот зеленчук и средината од самото лепче. Го ставаме во загреана рерна на 200°C и печеме 15 минути. На крај го поливаме лепчето со 2 матени јајца и повторно печеме уште 5 минути.