Хроно дневник
на хронерот: Валерија Петрушева (личен facebook профил)
изгубени килограми: само 6 кг.
во период: 16 месеци од кои два месеци во рестрикција, останатите во траен режим
Никогаш во животот не сум била ни слаба ни дебела. Цел живот со некои 5, 6, 7 килограми вишок кои нервираа ама и не се замарав премногу. Се интересирав за многу диети ама никогаш сериозно.
Пред околу 2 години Виолета ме праша дали знам нешто за хроно, мојот одговор беше: имам нешто прочитано ама многу е комплицирано.? Среќа голема што не го уважила моето мислење.
Како започнав со хроно исхрана?
Во групата влегов од првиот ден, по непотизам.? Во меѓувреме мојата сестра ја проучила исхраната, правилата и сé околу неа доста темелно и јас бев како гостинка. Ден по ден ми стануваше сé поинтересно, ги гледав сите објави, почнав да ги читам правилата, ги проучив линковите во групата и не ни бев свесна дека веќе бев навлечена.
Ама не, не беше тоа за мене, каде јас со дежурства од 24 часа, смени од 12 часа, трети смени … не, не можам. И додека се убедував дека не можам почнав да пазарам и една вечер правев лепчиња не сакајќи. Така не сакајќи од наредниот ден и почнав и еве овде сум 16 месеци и не одам никаде веќе. ❤
Како да бидеш на хроно ако работиш во смени?
Како што случајно, без оптеретување почнав така дури се освестив на работа одев со кеса полна со пластични. Кога еден, кога два, кога сите три оброка си ги носев припремани од дома.
Првиот месец имав чувство дека живеам во кујната, ми изгледаше дека само готвам, јадам, спијам и одам на работа.? Но постепено сé станува рутина, секојдневие и леснотијата која ја чувствував не ми дозволи ни за секунда да помислам да се вратам назад.
Кога сум трета, смената ми е 12 часа и практикувам да вечерам подоцна, околу 21 часот, значи вечерата си ја носам во ташна. Наутро одење дома, лимонадата, дури се средам дошло време за појадок. Или легнувам тогаш или некогаш дури после ручек, зависи од денот.
Секој што работи во смени (јас 22 години) нема нормален биоритам и нормални оброци, што е многу лошо. Со хроно јас како и многу други во групата, успеав да ги усогласам двете работи со малку повеќе труд од предходно.

Трансформации Валерија Петрушева
Енергијата и леснотијата ми се најголема придобивка од хроното
Шест години сум со хипертиреоза и терапија за неа. Веќе шест месеци сум без терапија и резултатот е во граници на нормала. Неколку пати имам потенцирано, енергијата и леснотијата која што ја осеќам не ми личи на годините.?
Се вратив во кујната после многу години хранење “на брзина” и многу сум задоволна поради сé што правам за себе и за моите блиски.☺
И конечно ги симнав тие 6 килограми и веќе година дена сум со иста килажа.
Хроно е начин на исхрана со многу бенефити
Чудно ми е кога ќе слушнам: јас бев на хроно, сега не сум. Ми иде да прашам: а каде си сега?
Кога си во траен режим и стабилна килажа дури и да си дозволиш повремено луксузирање, грешка, недозволен оброк … од утре пак си “дома” и продолжуваш.
Јас од овде не мрдам, мене ми е веќе начин на живот. Групата ми е “обврска” и задоволство и се осеќам убаво и безбедно таму. И благодарение на Виолета имаме едно место каде подршката и взаемната помош се најважни и сите сме исти. Да, тоа е само виртуелно … ама е вредно. ❤
Кога се сака сé е можно и се наоѓа начин, кога не се сака се наоѓаат изговори.
Други корисни линкови: