Неколку совети и насоки за сите оние кои ја практикуваат Хроно исхраната а се во рестрикција и го слават Бадник.
Најголем проблем ни е како да ја усогласиме традицијата, религијата и новиот начин на исхрана. Како да ги промениме, односно да ги вклопиме сите адети во еден ваков посен ден, а сепак да се придржуваме на хроно правилата.
Најголем проблем ми беше тоа дека нема да вечерам од питата со паричка која традиционално се прави за Бадник, но тоа го решив па појадував од неа наредниот ден. Ручекот во рестрикција може да Ви биде печурки или сарми со печурки и праз, а вечерата риба по Ваш избор.
Во траен режим има многу повеќе можности за ручек и овде може да го вклопите гравот ако е дел од вашата традиција. А тиквата за ужина.
Најдете го соодветното мени според вашите потреби и така организирајте ги оброците за Бадник.
Неколку идеи за посни оброци: