Правила и насоки/ Сé за Хроно

Правила и насоки за старт со хроно исхрана (рестрикција)се чита за 7 минути

Хроно исхрана

Појадок
(jагленихидрати, протеини и масти)

Правила за појадок

  • наутро прво се пие билен чај (овошните чаеви, црниот чај и чајот од Хибискус не се дозволени) или млака вода со лимон. Половина час после тоа може да се појадува.
  • пушачите, првата цигара може да ја запалат дури после појадокот.
  • само за доручек се јаде леб и тоа направен од некое од дозволените интегрални брашна од: ‘рж, хељда, јачмен, овес и поретко спелта.
  • може да се прават палачинки, мафини, вафли од интегрални брашна и дозволени намирници.
  • само за појадок се дозволени млечни производи, до 4 пати неделно.  не е дозволено мешање на два млечни производи или млечно со јајца.
  • јогурт не е дозволен.  за појадок може домашно суво месo, пршута или сланина.
  • од семки смее сончоглед, ленено семе, семе од чија, сусам, семки од тиква.
  • За појадок се јадат цели јајца (белка и жолчка) во секаков облик, за ручек и вечера се дозволени само белки.
  • Дозволени намирници за појадок

Дозволени намирници за појадок

Jагленихидрати

  • леб и пецива од интегрални брашна од ‘рж, јачмен, хељда, овес, спелта. Избегнувајте ја спелтата во првите 28 дена.
  • каши од цело зрно житарка (овес, јачмен, просо, амарант, киноа, хељда и леблебија)

Протеини

  • сувомесни производи (сланина, пршута, домашни сувомесни производи, чварки)
  • млечни производи – кисело млеко, грчки јогурт, урда  ( поретко ), фета сирење  (поретко ), домашно младо сирење, моцарела (во вода), домашен кајмак (поретко)
  • јајца
  • печурки
  • хумус

Масти

  • путер (до 20 гр. дневно)
  • авокадо

Зеленчук

  • црвен и црн  (домати, црвен пипер, свежо цвекло, свеж морков, модар патлиџан, црни маслинки, роквица, црвена зелка)
  • бел (карфиол, печурки, стар кромид, лук)
  • зелен (пиперки, тиквички, краставички, зелена зелка, марула салата, зелени маслинки, брокула, млад кромид, прокељ)

Продолжува на страна 3:
Правила и дозволени намирници за ручек

Страници: 1 2 3 4

Сподели

Слични содржини

6 коментари

  • Реплицирај
    Анонимен
    15 ноември , 2017 at 13:44

    Dali nekoj moze da mi ja objasni postapkata na pravenje hrono leb? Vi blagodaram

  • Реплицирај
    Dejan
    2 ноември , 2017 at 23:15

    Dali treba dozivotno da se pridrzavame na ovaa ishrana za da ne se vratat kilogramite ili posle odreden period moze da si dopustime plus nesto vo ovaa ishrana?

  • Реплицирај
    Анонимен
    7 октомври , 2017 at 22:58

    Dali moze da ne se vecers

  • Оставете коментар