Денес готвиме заедно со Фани Коровешовска која подготви потпечена елда со моцарела и доматен сос. Останатите рецепти на Фани можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Рецепт
- 100 гр. Елда зрно (Хељда)
- 300 мл. Вода за потопување
- 300 мл. Вода за варење
- 100 гр. Моцарела во вода
- 25 гр. Сланина
- 50 мл. Доматен сос
- 1 мал. лаж. Путер
ЗАЧИНИ
- по вкус Химелајска сол
- по вкус Интегрален сусам
- по вкус Лут буковец
- по вкус Оригано
Инструкции за готвење
1 | Потопување на житаркитe (минимум 6 часа)
100 грама елда се остава да кисне од вечер во 3 шолји вода.
2 | Подготовка
Утрото се измиваат зрната елда и се ставаат 3 нови шолји вода. Оставете да проврие 10тина минути, поклопете го садот и тргнете го од оган. За 15 минути зрната елда ќе ја впијат потребната водата.
На загреана тава го даваме путерот и се пропржува сланината и сусамот. Потоа се додава доматниот сос и претходно сварената елда и повторно кратко ги пропржуваме.
Така измешаните состојки ги префрламе во огноотпорен сад и ги додаваме зачините по вкус. Одозгора редиме парчиња моцарела и садот го ставаме во претходно загреана рерна на 200 степени, да се пече 15тина минути.
Корисни линкови: