Вечера
1ва недела
3.1 Крем супа од брокула и карфиол
3.2 Стапчиња од свежа краставица со сос од модар домат и семи од сончоглед (блендиран печен модар домат со печена пиперка, 15 гр. сончоглед, сок од лимон, сол и бибер)
3.3 Свежа салата од спанаќ, рукола и морков (со масло и вино)
3.4 Талијатели од морков со спанаќ, брокула и прокељ
3.5 Свежа зелка салата со морков и авокадо (со масло и вино)
3.6 Грилован зеленчук (со масло и вино) – брокула, прокељ, тиквица и лук
3.7 Пица со тесто од карфиол (со масло и вино) – за подготовка на тестото е потребно: 1 помала главица карфиол се дели на цветови се мие убаво и се ситни во сецко. Се зачинува и се пропржува на малку маслиново со затворен капак (2-3 мин., да го фати топлото). Се лади и се замесува. Cе премачкув со доматно пире а топингот
може да биде составен од пиперка, кромид и маслинки
2ра недела
3.8 Крем супа од тиквица и праз и семки од тиква
3.9 Стапчиња од свеж морков со сос од тиквица и семки од чиа (печена тиквица, печена црвена пиперка, лук,
сок од лимон, сол и бибер)
3.10 Талијатели од тиквичка со зеленчук – тиквичката се сече на ленти и се динста со лук и бибер. Се пропржува кратко на сува тава црвена, жолта и зелена пиперкаи се додаваат печурките. Сервираното јадење се наросува со млад кромид и сецкани зелени маслинки
3.11 Свежа зелка салата со обарена брокула и прокељ
3.12 Мици пици од тесто од карфиол со брокула и (со масло и вино)
3.13 Грилован зеленчук со пире од карфиол (со масло и вино) – брокула, прокељ, тиквица и лук
3.14 Свежа салата по избор со два зеленчука со сусамово масло (со масло и вино)
3та недела
3.15 Крем супа од карфиол и семки од тиква
3.16 Свежа салата од зелка со карфиол, брокула и маслинки
3.17 Крем супа од келераба и семки и од сончоглед
3.18 Печени тиквици со лук и магдонос и семки од тиква
3.19 Свежа салата по избор со два зеленчука (со масло и вино)
3.20 Грилован зеленчук (со масло и вино) – брокула, прокељ, тиквица и лук
3.21 Гриловани печурки со спанаќ (со масло и вино)
Напомена:
- По завршување на 21виот ден, започнува нов циклус со 3.1 предлогот за вечера.
- Во вториот циклус дозволено е масло и вино за празниците:
- 12ти март понеделник, Св. мч. Агатагел битолски
- 22ти март четврток, Св 40 Севастиски маченици – Младенци
- 1ви април недела, Свечено влегување во Ерусалим – Цветници
- 5ти април четврток – Велики четврток
- Дозволена е риба за ручек и вечера на празникот:
Страници: 1 2 3 4