Правила и насоки/ Сé за Хроно

48 дневно хроно мени за Велигденските пости 2018

48 дневно хроно мени за Велигденските пости 2018

Ручек

1ва недела

2.1 Спанаќ со авокадо и брокула со свежа салата од цвекло и морков
2.2 Протеинска салата со црвен грав и блитва
2.3 Рижото со куркума и босилок (со масло и вино)
2.4 Чорба од грашок со свежа салата по избор
2.5 Веганска мусака од модри домати со печурки (со масло и вино)
2.6 Полнети пиперки со праз и печурки (со масло и вино)  – пиперките се полнат со веќе динстаниот праз и се преливаат со доматно пире пред да печат
2.7 Гриловани печурки и прокељ со свежа салата по избор (со масло и вино)

2ра недела

2.8 Обарена зелена боранија со грилован зеленчук по избор
2.9 Грилувани печурки и тиквички со лук
2.10 Варен бел грав со суви пиперки и свежа салата по избор
2.11 Свежа зелена салата со 50гр. непечен и несолен лешник (со масло и вино)
2.12 Полнети тиквички со печурки со свежа салата по избор – печурките се
динстаат со лук, сол и бибер. Тиквичките се сечат на половина и се длаби
средината. Издлабената тиквичка ја додаваме во печурките и пропржуваме додека не испари течноста. Потоа ги полниме тиквичките и ги потпекуваме во рерна.

2.13 Викенд пица киноа (со масло и вино) – за подготовка на тестото е потребно: 100 гр.киснета киноа одвечер ја блендирам со малку вода, сол и една лажица прашок за пециво, ја сипувам на измрсена хартија за печење и печев 15 минути па ја превртев од другата страна уште 10 минути, после тоа намачкав со домашен сос од патлиџан, рендана моцарела, домашна печеница, оригано и запеков уште малку. Тестото премачкајте го со доматен сос а за топинг можете да користите печурки, свеж домат, пиперка, кромид и маслинки
2.14 Сарма со карфиол и праз со свежа салата по избор со семки од тиква (со масло и вино)

3та недела

2.15 Кофтиња од леќа со свежа салата од домат, кромид и магдонос – за
подготовка на ќофтињата е потребно: леќата треба да седи потопена во вода 6 часа
а потоа да се сомеле во блендер. На таа смеса се додава магдонос, лук, сол и
бибер. Од смесата се формираат ќофтиња и се редат на пекарска хартија. Така
подготвени се печат во рерна.
2.16 Салата од киноа и свеж зеленчук по избор
2.17 Подварок со црвени суви пиперки и сушени домати и свежа салата со семки од чиа
2.18Свежа зелена салата со 50гр. непечен и несолен бадем
2.19 Кус-кус со зеленчук (со масло и вино) – за подготовка на кускусот е потребно: 1 шолја од 200мл. кус-кус се попарува со 200мл. зовриена вода00 мл. Се покрива со капак и така
треба да остои некое време додека не се впие водата. Зеленчукот се сецка,
посолува и се пече. Се меша се заедно и се додава малку сок од лимон и зачини по
желба.
2.20 Македонска пица (со масло и вино) – за подготовка на тестото е потребно: 1 помала главица карфиол се дели на цветови се мие убаво и се ситни во сецко. Се зачинува и се пропржува на малку маслиново со затворен капак (2-3 мин., да го фати
топлото). Се лади и се замесува. Cе премачкув со доматно пире а топингот може да
биде составен од печурки, сушени домати, свежа пиперка, кромид и маслинки
2.21 Полнети пиперки со грав (со масло и вино) – пиперките се полнат со веќе сварениот грав и се преливаат со доматно пире пред да печат

Напомена:

  • По завршување на 21виот ден, започнува нов циклус со 2.1 предлогот за ручек.
  • Во вториот циклус дозволено е масло и вино за празниците:
    • 12ти март понеделник, Св. мч. Агатагел битолски
    • 22ти март четврток, Св 40 Севастиски маченици – Младенци
    • 1ви април недела, Свечено влегување во Ерусалим – Цветници
    • 5ти април четврток – Велики четврток
  • Дозволена е риба за ручек и вечера на празникот:
    • 1ви април Цветници

Продолжува на страна 4:

Вечера

Страници: 1 2 3 4

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар