Правила и насоки/ Сé за Хроно

48 дневно хроно мени за Велигденските пости 2018

48 дневно хроно мени за Велигденските пости 2018

Појадок

1ва недела

1.1 Хроно леб, хумус и домат – за подготовка на хумусот е потребно 200 грама
наут, 1 лажица тахини, 3 лажици од течноста на наутот, лук и сок од половина
лимон. Сите состојки се блендираат заедно.
1.2 Мафини со спанаќ и семки од чиа
1.3 Каша од овес со динстан спанаќ и пропржен кромид (со масло)
1.4 Каша од просо со домат, авокадо и магданос
1.5 Уштипци со Соњин намаз и маслинки (со масло) – за подготовката на намазот е потребно: 2 печени пиперки, 1 мал печен црн домат, 1 лажица маслиново масло, 50 гр. мелени бадеми, сенф, лук, сол и зачини по избор. Сите состојки се блендираат заедно.
1.6 Пита од хељдини кори со кисела зелка (со масло)
1.7 Проја со праз (со масло) – 1 шоља р’жано брашно, 1 шоља јачменово брашно, 1
пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, 2 страка праз, сончоглед, сусам и
сол. Печење 40 мин. на 200 степени.

2ра недела

1.8 Каша од хељда со пропржен праз и семки по избор
1.9 Хроно леб со намаз баба Гануш и маслинки – за подготовка на намазот е
потребно: 1 поголем модар патлиџан, 1/2 лимонов сок, 1 чешне лук, 1 лажица
тахини (таан), сол, ким, рузмарин и шафран. Сите состојки се блендираат заедно.
1.10 Потпечен јачмен со тиквица, домат и кромид  – приготвениот јачмен се додава на веќе пропржениот зеленчук и се заедно се потпечува во рерна
1.11 Хроно леб со намаз од печурки и свеж зеленчук по избор  – динстани печурки со лук и бибер се блендираат и се додава малку сок од лимон и магданос
1.12 Мафини со сушени домати и ајвар (со масло)
1.13 Палачинки и хумус со авокадо (со масло)  – за подготовка на хумусот е
потребно: 200 грама наут, 1 лажица тахини, 3 лажици масло, 3 лажици од течноста
на наутот, сок од половина лимон, едно авокадо. Сите состојки се блендираат
заедно
1.14 Проја со спанаќ (со масло)  – 1 шоља р’жано брашно, 1 шоља јачменово
брашно, 1 пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, спанаќ, сончоглед, сусам и
сол. Печење 40 мин. на 200 степени

3та недела

1.15 Каша од амарант со пропржен праз и семки по избор
1.16 Хроно леб и хумус со печени црвени пиперки – за подготовка на хумусот е
потребно: 200 грама наут, 1 лажица тахини, 3 лажици од течноста на наутот, сок од половина лимон, лук и една печена црвена пиперка. Сите состојки се блендираат
заедно
1.17 Потпечен овес со доматно пире, оригано и сусам  – приготвениот овес се
потпекува со доматното пире, ориганото и претходно потпечениот сусам
1.18 Хроно леб со намаз Гвакамоле  – за намазот е потребно: половина испасирано авокадо, ситно сецкани кромид, црвена пиперка и домат, сол и бибер
1.19 Палачинки со намаз од маслинки и хумус (со масло)  – за подготовка на намазот се потребни црни маслинки, домат, магданос бибер и оригано. Сите состојки се блендираат заедно
1.20 Проја со спанаќ (со масло) – 1 шоља р’жано брашно, 1 шоља јачменово
брашно, 1 пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, спанаќ, сончоглед, сусам и
сол. Печење 40 мин. на 200 степени
1.21 Пита од хељдини кори со печурки (со масло) – за филот од печурки е
потребно: печурките треба да бидат издинстани на малку масло со бибер и лук а
подоцна иситнети на помалку парчиња

Напомена:

  • По завршување на 21виот ден, започнува нов циклус со 1.1 предлогот за појадок
  • Во вториот циклус дозволено е масло за празниците:
    • 12ти март понеделник, Св. мч. Агатагел битолски
    • 22ти март четврток, Св 40 Севастиски маченици – Младенци
    • 1ви април недела, Свечено влегување во Ерусалим – Цветници
    • 5ти април четврток – Велики четврток
  • Дозволена е риба за ручек и вечера на празникот:
    • 1ви април Цветници

Продолжува на страна 3:

Ручек

Страници: 1 2 3 4

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар