Мојот хроно дневник

Време за пресврт!

Мојот-хроно-дневник-со-Марија-Денкин

изгубени килограми: -32 кг
во период: од 12 месеци, сите во рестрикција

Мојот хроно дневник со Марија Денковска Денкин

Сабота, 10.02.2018

Ден кога јас, Марија Денковска (Денкин) го узурпирам просторот на нашиот хроно дневник.

Со нетрпение ги очекував сите претходни Саботи за да ги читам искуствата на нашите членови низ хроно одисејата.

Не сум сигурна дали следните редови ќе бидат толку интересни за нашите членови како што беа за мене оние кои беа напишани во претходните дневници, но ќе бидам искрена и со отворено срце.

Обична, но по малку необична девојка што го живее животот со полна пареа.

Чувството комплекс не постоеше за мене, можеби требаше. Мислев дека во светот треба да постојат дебели и слаби луѓе, како што постојат добри и лоши и дека ја припаѓам во онаа прва група (дебели), но не размислив подобро дека всушност треба да има здрави луѓе.

Страста кон гастрономијата, кулинарството и добриот провод завземаа добар дел од вината за тоа до каде стасав.

Се започна на 31 Јануари 2017 година

Само што станав од спиење, беше некаде околу 15:00 часот. Катастофа.
Се проврткав низ дома неколку пати. Во еден момент ја здогледав вагата и си реков: ајде да се измерам чисто да видам до каде сум. 142 кг. Страшно!

Седнав на фотељата и десет минути гледав во една точка. Триста мисли ми поминаа во глава.
“Како успеав”?
“ Зошто дозволив”?
“ До каде ќе терам вака’’?
“Вреди ли”?
“ Kaко се осеќаат мама и тато’’? (се срамев да ги погледнам тој ден)
Пет дена ништо не јадев, пиев само кафе и по некоја мандарина ако земев. УЖАС!

Памтам Недела беше. На мајка ми само и реков да идеме да купиме се што е потребно за хроно исхрана (знам дека месеци наназад ја проучуваше оваа исхрана), бидејќи од утре, Понеделник сакам да почнам. Она буквално како само да чекаше јас тоа да го кажам.

И покрај сите Понеделници, утре, први во месецот, нутриционисти, персонални тренери, велнес советници, апчиња, магнети и слични помагатели за слабеење , она пак имаше надеж дека овој пат нема да ја изневерам нивната доверба.

06.02.2017

Почнав. Мајка доручекот го спремила. Три јајца, сланина (ја обожавам), маслинки и хроно лепче. Нешто во глава ми се уврте дека смеам кисели краставички (ги сакав, особено во бургер со добар сос хахах).

Се слушнавме на телефон бидејќи таа беше на работа, за да и кажам дека супер се најадов, но кога дојдовме до моментот со киселите краставички само ми рече дека не смее, но да не се секирам на грешките се учи. Си помислив, ќе успеам ли јас да го изодам овој пат?

Мојот-хроно-дневник-Трансофрмации-Марија-Денкин
Мојот-хроно-дневник-Трансофрмации-Марија-Денкин

Мојот хроно дневник – Трансформации – Марија Денкин

Станав член во групата на фејсбук, не се сеќавам само дали пред или откако почнав со хроно исхрана. Тогаш групата броеше околу 10.000 членови. Гледав мотивациони слики на членовите од пред и потоа, гледав слики од порции со храна што тие секојдневно ја јадат и слабеат и сфатив всушност јас истото го јадам и сакам да го јадам, но погрешно сум го комбинирала.

Истата таа група се издвојува од многу други групи каде што членувам. Тука се осеќа некоја топлина, спокој. Можеби дека делиме многумина слична судбина. На секое поставено прашање гледав одговор од иста особа со благонаклонетост и добронамерност. На секоја слика читав коментар од истото лице во знак на поддршка. Сфатив дека тоа е администраторот на групата.

Како поминуваа деновите, неделите…пополека сфаќав дека постои човек на светов што подава рака на некого што се наоѓа во бездна, притоа да очекува ништо за возврат. ВАУ!
Виолета! Бескрајно ти благодарам за се.

Голема благодарност и до останатите членови.

Ден за ден, недела за недела, месец за месец килограмите се намалуваа, а насмевката во огледалото беше поубава, коментарите од блиските дополнително ме мотивираа и правеа некое убаво чувство.

Голема поддршка добив од пријателите, дури тајмингот за излегување го правеа според мене, иако и ден денес им велам нема потреба. Ме радува фактот дека и друг некој, освен домашните сака да успеам во зацртаното.

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар