Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Поддршката од партнерот е клучот за успех

Лиде-и-Игор-2

Мојот хроно дневник со Лидија и Игор Димитровски

Изгубени килограми:
Лидија-33 кг, во период од 15,5 месеци, сите во рестрикција, при што стагнација трае од август, значи скоро 6 месеци. Изгубени преку 22 см во обем.
Игор-44 кг, во период од 12 месеци, сите во рестрикција. Изгубени 24 см.

Лидија: Знаете како е кога цел живот имате сон за витко тело, а всушност секој нов ден сте се подебели и подебели….одвратно. Баба ми одигра голема улога што се однесува до дебелината, бидејќи како дете не смеев да станам од маса додека не изедев се, лоша навика која останува за цел живот, подоцна се прејадуваш, но ја празниш чинијата, оти нели така треба. Ццццц, ВЕ МОЛАМ не им го правете тоа на вашите деца, нека јадат колку што сметаат дека им е доволно.

Игор: И јас одсекогаш имав проблем со вишок килограми, три пати ја имам држено диетата на Жан Митрев со портокалите и кога ќе ја спомнам, црева ми се креваат, имам одено и на нутриционист, до ручек само овошје, добро беше три месеци, после по старо и килограмите се враќаа.

Лидија : Низ годините нема што се не пробав за да ослабам, од разна хемија (хербалајф, слимлајн, турбо некој си…), разни диети, буквално се што ќе слушнев, изгладнував максимално, дури неколку пати пиев и јаворов сируп по 10 дена само течност и знаете каков беше резултатот? НИКАКОВ, КАТАСТРОФА! Oслаби 10 кг, врати 20 кг и се така во круг, килограмите си се таложеа, отоци на нозете постојано, хроничен замор, лошиот холестерол на граница, а во огледало се погледнував само кога се миев…Мораше нешто да се преземе, вака не одеше повеќе, до каде ќе стасаме, ако моменталната бројка покажуваше 143кг, го достигнав врвот ☹.

Вагата покажа Error, време е за хроно

Лидија: Кога слушнав за хроно исхраната, не почнав веднаш, неколку месеци ја проучував и само читав и читав и читав. Мислев дека финансиски нема да можеме да ја издржиме, но драги мои тоа се само изговори, зарем чипсовите, сендвичот во седмица, разните газирани пијалоци без кои не можев ден да замислам ни ги даваа бесплатно. Решив и ПОЧНАВ .

Почнав сама, сопругот не ме дружеше, терав така 3 месеци, а тој јадеше се пред мене демек ми “ ми го јакнел карактерот, хахах “…и нашиот разговор во тоа време:
Лидија : Игор оди качи се на вага види колку си и да почнеш со мене…
Игор : Не бе не се качувам, ќе покаже error. ( се шали )
Лидија : Игор оди качи се на вага и види колку си!
Игор: Не бе што ќе се качувам, ќе покаже error…( повторно се шали )

И еден ден допре веројатно тоа до него и се качи на вага и драги мои вагата навистина покажа error (да се разбереме, вагата мери до 150кг), веќе не беше шала…заедно почнавме на 31.01.2016.

Слабеењето во пар е многу полесно

Слабеењето во пар оди многу полесно верувајте, взаемна подршка, а кога сакав да прекршам некогаш (нели ние жени, хормони ни работат 100 на саат, во ПМС можам живи луѓе да јадам итн.) ќе ми речеше само “Тоа што ќе го изедеш ќе те направи посреќна?” и се откажував од намерата, тој е моја совест ☺, за во март да ни се придружи и свекрвата, жена на свои 70 години, таа е хронер за пример. ☺(ослабена е 15 кг, морам да ја пофалам).

Заборавив да напоменам и дека заедно ги оставивме и цигарите во август и овој пат НЕ се поправив 12 кг за месец дена, што беше случај претходно. ☺

Мојот хроно дневник со Игор Димитровски – Трансформации

Игор : Состојбата стана алармантна, 150кг, а може и повеќе, кој знае, тоа ме исплаши искрено, висок притисок, висок инсулин, маснотии во крвта и што уште не, апчиња наутро, апчиња навечер и на почеток и велев на сопругата мене оваа исхрана нема да ми одговара, јас не смеам толку месо да јадам заради маснотиите, а таа ме убедуваше барем да пробам и убаво што ја послушав, не само што сега инсулинот ми е во нормални граници, притисокот нормален на двајцата, маснотии немам и знаете што е најубаво, веќе два месеца не пијам никаква терапија, јас стварно се препородив, јас сум нов човек со нови навика за здрава и правилна исхрана.

Мојот хроно дневник со Лидија Димитровска – Трансформации

Лидија : Искрено да ви кажам, не знам кога помина толку време. Ние двајца го пронајдовме нашиот начин на живот, пронајдовме како да бидеме поздрави и помлади, не чекајте, не се двоумете, за прв пат во животот не сме гладни, а слабееме и со крвни слики за пример. Најбитно од се, отоците на нозете се веќе минато, редовен циклус на 28 дена, лошиот холестерол во граници на нормала, многу поголема самодоверба итн. (и покрај тоа што стагнирам од август некаде, не ми паѓа на памет да се откажам), уживаме во секој нареден ден и немојте да чекате да дојде понеделник, да дојде 1ви, почнувајте веднаш (со претходно добро проучување на хроно правилата ) и бидете среќни, здрави и убави… ☺

Имаме да пишуваме уште 20 страни најмалку, ама да не не убие Маја хихххии, без двоумење и со лесно на сите што ќе го прифатат овој начин на живот. ☺

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар