Солена Раванија

Сподели

Состојки

400 гр Ржано брашно
250 мл Топла вода
6 лажици Маслиново масло
1 лажичка Сол
За фил
3 стракови Праз
300 гр Урда

Солена Раванија

Пита со праз и урда

  • Средно

Веднаш да напоменам, заедничко со раванијата е само начинот на сечење. 🙂

Рецептот ми е скоро една година, во момент на голема криза за раванија. Ниту тогаш не се намали желбата, но барем излезе преубав рецепт за кој ми е криво што толку долго го немав пак направено.

Првиот пат ја правев со спанаќ и младо сирење и морам да признаам дека со праз и урда ми е многу по вкусна. Филот можете по своја желба да го менувате.

Рецепт

  • 400 гр ‘Ржано брашно
  • 250 мл Топла вода
  • 6 лажици Маслиново масло
  • 1 лажичка Сол

ЗА ФИЛ

  • 3 стракови Праз
  • 300 гр Урда

Инструкции за готвење

1 | Припрема

Се меша брашното со солта. Постепено се додава топлата вода со маслото и се меси меко тесто. Кога ќе одмори тестото околу половина час, се премесува пак и тогаш е полесно за работа.

Додека стои тестото, може да го припремате филот. Доколку го правите со праз, го пржите на тивок оган и кога ќе биде готов, се додава урдата и заедно се мешаат.

2 | Подготовка на погачата и печење

Тестото се дели на два дела и се сукаат две кори кои треба да се големи колку тавата во која ќе се пече. Кај мене е број 28.

Се става едната кора, па се нанесува целиот фил, и се става и втората кора.
Исечете ја питата пред печење и наросете со сусам. Доколку сакате да има многу сусам, со мокри раце притиснете го за да се зелепи. Дури и да го оставите да падне измеѓу засечените парчиња, е исто вкусна.

Се пече веднаш околу 40-50 минути на 200 степени.

На здравје!

готви и пишува

Виолета Златкова

Ви се допадна? :)

Ви благодарам на 30-те коментари. Скриј ги коментарите

Mene mi ispadna malku tvrda i nenarasnata…ocekuvsv pomeka i povisoka da e a ja pravev sledejki go upatstvoto. Bidejki malku se lepeshe sukav na poseano brashno i ja tapkav so race bidejki ne se sukase.Mozebi trebashe so maslo da se oblikuva i mslso da se stavi na tepsijata. Edvaj se vadeshe

Зашо тестото ми се лепе и распсѓс и не го бива за сукање, мора со намокрена рака да го мазнам во тавичката. Надевам се оти ќе ми биде вкусно. 🙁

Какво излезе за јадење?

Тестото треба да е на меко замесено за да може убаво да се сука. Доколку лепи на рацете се става масло.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР