Полнето индиско лепче со моцарела и печурки

Состојки

За лепчето
120 гр. Интегрално брашно по избор
50-60 мл. Вода млака
Сол
Фил
50 гр. Печурки по избор
100 гр. Моцарела во вода
3 супени лажици Доматно пире

Полнето индиско лепче со моцарела и печурки

Готвиме со Марјана Петрушевска

  • порции 1
  • Лесно

Рубриката “Готвиме со” ја започнуваме со Марјана Петрушевска која подготви брз и лесен појадок, кој може да го спремите за десетина минути. Останатите рецепти на Марјана можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.

Рецепт

ЗА ЛЕПЧЕТО

  • 120 гр. Интегрално брашно
  • 50-60 мл. Вода
  • Сол

ФИЛ

  • 50 гр. Печурки
  • 100 гр. Моцарела во вода
  • 3 супени лажици Доматно пире

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на тестото и филот

Се замесува и се дели на два дела . Секој дел се расукува подеднакво на намрсена хартија. На едниот дел се става фил по избор (во овој случај моцарела, доматен сос, печурки и зачини) се поклопува со другата кора и се затвора странично да не излезе филот.

2 | Пржење

На тефлонско тавче се става малку путер, па се пржи едната страна од лепчето 1-2 минути. Се превртува од другата страна и повторно се премачкува со малку путер. Постапката ја повторуваме 2 до 3 пати и за вкупно 10 мин. ќе имате убаво крцкаво полнето индиско лепче.

готви и пишува

Хроно Рецепти

Ви се допадна? :)

Ви благодарам на 2-те коментари.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР