Бело месо/ Ручек

Пилешко во маринадасе чита за 1 минути

Постојат многу варијации кога станува збор за маринирање на месо. Секогаш зачините може да ги адаптираме според она што го имаме дома или според вкусот.

Најдобро е секоја маринада да стои со месото минимум 2 часа, за да се упијат сите мириси на зачините. И секогаш е најдобро зачините да се свежи.

Овој рецепт е со маринада за пилешко месо, на која може да и додадете и малку црвено вино доколку сакате да добиете поостар вкус.

Рецепт

  • 5 Пилешки батаци
  • 50 гр Путер
  • 50 мл Вода

ЗА МАРИНАДАТА

  • Рузмарин
  • Копар
  • Чили
  • Мајоран
  • 1 лажица Црвен пипер (зачин)
  • 2 лажици Маслиново масло
  • 2 лажици Дижон сенф
  • Сол и бибер

Инструкции за готвење

Пилешките батаци убаво ги миеме и ги оставаме на кратко во вода, додека ја подготвиме маринадата.

Во посебен сад ги мешаме сите состојки за маринадата. Секое парче месо го премачкуваме со смесата и веднаш го редиме во садот кој претходно го намрсуваме со мали парченца путер и во кој додаваме 50 мл вода.

Го затвораме садот со алуминиумска фолија и го ставаме во претходно загреана фурна на 200 степени. Печеме околу 60 минути и потоа ја тргаме фолијата додека не добиеме убаво печено пилешко месо.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар