`Ржан леб со ленено семе

Состојки

3 чаши 'Ржано брашно
2 чаши Топла (обична или кисела) вода
3 лажици Чија семе
3 лажици Ленено семе
1 лажичка Сусам
1 Прашок за пециво
1/2 лажичка Сол
1/2 Сода бикарбона
3 лажици Маслиново масло
1/2 Лимон

    `Ржан леб со ленено семе

    Брз леб без ферментација

    • 70 мин
    • Средно

    Лебовите со ферментација се секогаш многу повкусни и помеки. Но, во недостиг на време еве една испробана рецепта без ферментација.

    Рецепт

    • 3 чаши ‘Ржано брашно
    • 2 чаши Топла (обична или кисела) вода
    • 3 лажици Чија семе
    • 3 лажици Ленено семе
    • 1 лажичка Сусам
    • 1 Прашок за пециво
    • 1/2 лажичка Сол
    • 1/2 Сода бикарбона
    • 3 лажици Маслиново масло
    • 1/2 Лимон

    Инструкции за готвење

    1 | Подготовка

    Сувите состојки се мешаат заедно. Една напомена, лененото семе се меле непосредно пред додавање. Па се додаваат киселата вода, маслото и лимонот.
    Најдобро е да користите миксер за да ги соедините сите состојки.

    2 | Печење

    Со мокри раце се префрла тестото во калапот или садот во кој ќе се пече и се обликува. По желба се става ленено семе на крај.
    Се пече 60 минути на 200 степени.

    Испечен се става во сува крпа и се остава да се излади пред сечење.

    На здравје!

    готви и пишува

    Виолета Златкова

    Ви се допадна? :)

    Ви благодарам на 43-те коментари.

    Неколку рецепти пробав, со сите лебот ми останува жив внатре. И со овој исто така, во прилог на линкот има слика https://goo.gl/hm5kcq
    Го сечев после 20 саати, до тогаш стоеше завиткан во крпа..
    Ве молам за мислење?

    Не можам да ја видам сликата, за жал.

    Најчест проблем за жив леб е пресилна фурна или ако печете во фурна со вентилација.
    Обидете се со мали лепчиња, намалете малку од количината на водата и на долниот дел од фурната ставете сад со вода додека се пече лебот.

    Сепак не. Таков вид на реклами и продажба во групата никогаш не биле дозволени заради злоупотреба.

    Секое добро!

    Да има, разликата е во начинот на мелење на зрното. Интегралните брашна се добиваат со мелење на целото зрно и ги содржат сите диетални влакна, витамини и минерали од житарката и имаат помал гликемиски индекс. Обичните брашна се добиваат со мелење само на средишниот (ендоспермот) дел од зрното без лушпата и на тој начин се отфрлаат сите нутритивни вредности на житарката и гликемскиот индекс е неколку пати повисок. Повели линк до статија каде се објаснуваат разликите.

    Не треба да е жив во средината. По печењето лебот треба да го завиткате во крпа за да се излади, за да ја испушти влагата која ја содржи во себе. Најдобро е да преноќи па утредента да го сечете.

    ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

    Врати се горе