Ручек/ Црвено месо

Печени ќофтиња во сос од домати

Печени ќофтиња во сос од домати

Во моментот кога прв пат направив ќофтиња по хроно и истите ги печев, сфатив дека овие печениве секогаш ќе ми бидат пред пржените.

Сочни и превкусни, а и поедноставни за припрема. Дури и без сосот се преубави.

Рецепт

  • 500 гр. Мелено свинско месо
  • 1 Кромид
  • 2 Зелена пиперка
  • пола врзоп Магдонос
  • 1 лажичка Црвен пипер ( зачин )
  • 1 лажица Маслиново масло
  • 1 лажица Кисела вода
  • 1/4 лажичка Сода бикарбона
  • Сол и биберЗА СОСОТ
  • 1 Кромид
  • 1 Зелена пиперка
  • 1 чешне Лук
  • 4 Домати
  • 1 лажичка Маслиново масло
  • Сол и бибер

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на ќофтињата и печење

Најдобро е зеленчукот да се исецка во сецко или во блендер. Така се добива поубава хомогена смеса.

Се додава на месото, зачините, киселата вода и сода бикарбоната. Вака подготвена смесата треба да стои барем еден час во фрижидер, а може и подолго.

Со мокри раце се формираат топчиња колку што сакате да ви бидат големи ќофтињата и се ставаат на хартија за печење. Печењето е во загреана фурна на 200 степени додека не поруменат. Одприлика 20-30 минути.

2 | Подготовка на сосот

И за сосот, најдобро е зеленчукот да е блендиран.

Кратко се запржува на тивок оган и се додаваат излупените и блендирани домати. Се вари додека не испари течноста или до посакуваната густина.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар