Сендвич лепчиња

Состојки

2 чаши од 250 мл Ржано брашно
2 чаши од 250 мл Јачменово брашно
3 чаши од 250 мл Топла вода
3 лажици Маслиново масло
6 лажици Семе од чија
1 лажичка Химелајска сол
После ферментација
1 Прашок за пециво
1/2 лажичка Сода бикарбона
3 лажици или половина лимон Сок од цеден лимон

    Сендвич лепчиња

    Со ржано и јачменово брашно

    • Средно

    Како и за сите лебови и мали лепчиња, така и во оваа рецепта најважна е ферментацијата да биде подолга од 4 часа. Овие лепчиња најчесто ги ферментирам од 6-8 часа, но многу често се случува и ненамерно да ги оставам подолго. Приметувам дека највоздушеста структура имаат кога се ферментирани околу 8 часа, барем мене ми се идеални.

    И доколку користите псилиум за да добиете уште помеки лепчиња, најдобро е да го ставите пред да ферментира, заедно со брашното.

    Рецепт

    • 2 чаши од 250 мл Ржано брашно
    • 2 чаши од 250 мл Јачменово брашно
    • 3 чаши од 250 мл Топла вода
    • 3 лажици Маслиново масло
    • 6 лажици Семе од чија
    • 1 лажичка Химелајска сол

      ПОСЛЕ ФЕРМЕНТАЦИЈА
    • 1 Прашок за пециво
    • 1/2 лажичка Сода бикарбона
    • 3 лажици или половина лимон Сок од цеден лимон

    Инструкции за готвење

    1 | Подготовка

    Прво се мешаат сувите состојки, па се додава топлата вода заедно со маслото. Доколку ви е полесно можете да матите со миксер, така ќе бидете посигурни дека е убаво измешано.

    Го оставате тестото на собна температура да ферментира.

    После ферментација ги додавате пецивото, содата и лимонот и матите со миксер околу 2-3 минути, додека не се измешаат состојките.

    2 | Формирање

    Со мокри раце формирате лепчиња и ги ставате на хартија за печење. Но, правете го тоа внимателно без многу притискање на тестото. Доволно е меко и со мокри раце само формирајте топчиња, така ќе останат многу помеки.

    По желба наросувате со семиња и пак со мокри раце нежно притиснете.

    3 | Печење

    Се печат околу 60тина минути на 200 степени, во нормално јака фурна. Доколку вашата пече премногу, последните 15 минути може да намалите на 160-180 степени.

    Веднаш по печењето се завиткуваат во сува крпа за да се изладат.

    На здравје!

    готви и пишува

    Виолета Златкова

    Ви се допадна? :)

    Ви благодарам на 10-те коментари.

    ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

    Врати се горе