Проја со ајвар

Состојки

4 Јајца
2 чаши од 250 мл) Ржано брашно
5 лажици Ајвар
100 грама Сланина
5 лажици Маслиново масло
1 чаша од 250 мл Кисела вода
1 Прашок за пециво
1 лажичка Сол

Проја со ајвар

  • Средно

Овој рецепт за проја најмногу го имам правено и со право можам да кажам дека секогаш е успешен и многу вкусен, дури и да го модифицирате со состојките.

По ваша желба можете да ја исфрлите сланината доколку не сакате да ја користете во овој рецепт, а може да додадете и сецкани маслинки. Исто така ако немате кисела вода, може и со обична вода ама да не е ладна.

Рецепт

  • 4 Јајца
  • 2 чаши од 250 мл) Ржано брашно
  • 5 лажици Ајвар
  • 100 грама Сланина
  • 5 лажици Маслиново масло
  • 1 чаша од 250 мл Кисела вода
  • 1 Прашок за пециво
  • 1 лажичка Сол

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на смесата

Јајцата се матат исто како за торта. Се исклучува миксерот и понатаму пројата ја мешате со дрвена или обична голема лажица.

Се става пецивото, солта, маслото, сланината, ајварот и водата. Се мешаат убаво состојките и постепено се додава брашното, мешаајќи цело време. Треба мешањето да биде побавно за да не се залепи брашното одеднаш.

2 | Подготовка за печење

Смесата се истура во сад за печење кој е убаво намачкан со масло. По ваша желба може да ставите сусам и долу и врз пројата.

Се пече околу 50-60 минути на 200 степени.

Совет, никогаш не ја сечете додека е топла затоа што ќе биде леплива. А кога ќе се излади убаво може и да ја замрзните, не губи на вкус.

На здравје!

готви и пишува

Виолета Златкова

Ви се допадна? :)

Ви благодарам на 4-те коментари.

Искрено не знам како ти излегол овој експеримент. Пробајте и споделете искуство после тоа. 🙂

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР