Полнети печурки и намаз од авокадо

Состојки

500 грама Портобело печурки
1 страг Праз
1 Зелена пиперка
Еден врзоп Млад кромид
300 грама Сецкани домати
1 лажица Маслиново масло
1 лажичка Црвен пипер ( зачин )
по вкус Магдонос
по вкус Сол и бибер
За намазот
1 Авокадо
1 Млад кромид
2 помали Домати
Химелајска сол

Полнети печурки и намаз од авокадо

  • Средно

Рецептот е прилагоден за вегани и оние кои постат, а е дозволен и во сите други режими. Јас користев користев печурки Портобело. Но, доколку не ви се допаѓаат или ви е потешко да ги најдете, можете да ги замените со шампињони во истата количина. Може да користите свежи, замрзнати, сецкани или мелени домати.

Дали ќе го користите намазот од авокадо е ваш избор, мене многу ми се допадна оваа комбинација.

Рецепт

ЗА ПЕЧУРКИТЕ

  • 500 грама Портобело печурки
  • 1 страг Праз
  • 1 Зелена пиперка
  • Еден врзоп Млад кромид
  • 300 грама Сецкани домати
  • 1 лажица Маслиново масло
  • 1 лажичка Црвен пипер ( зачин )
  • по вкус Магдонос
  • по вкус Сол и бибер

    ЗА НАМАЗОТ
  • 1 Авокадо
  • 1 Млад кромид
  • 2 помали Домати
  • Химелајска сол

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на печурките

Печурките се мијат убаво и се оставаат да се исушат додека го спремате полнењето. Рачките ги отстрануваме за да ги употребиме во полнењето.

На тивок оган ги пржите сите исецкани состојки, со плус внатрешноста и рачките од печурките. Кога ќе омекне зеленчукот, ги додавате доматите и оставате додека течноста не испари.

На хартија за печење се редат сите печурки и се полнат. Така наполнети се печат веднаш во загреана фурна на 200 степени, околу 30 минути.

На ваков начин печурките се вкусни и кога се ладни.

2 | Подготовка на намазот

Состојките за намазот се ставаат во блендер или сецко и се блендираат кратко додека не се добие хомогена смеса.

На здравје!

готви и пишува

Виолета Златкова

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР