Пита бурек со урда и јајца

Состојки

4 чаши Спелтино брашно ( чашата е од 200 мл )
3 чаши Ржано брашно ( чашата е од 200 мл )
500 мл Топла вода
8 лажици Маслиново масло
1 лажица Химелајска сол
За фил
400 гр Урда
2 Јајца
За премачкување
2 полни лажици Свинска маст Замена може и путер

    Пита бурек со урда и јајца

    Со спелтино и ржано брашно

    • порции 6
    • Средно

    Додека го усовршам рецептот за оргинален бурек по хроно, ова ми е совршената замена за него. Толку многу е вкусен, што и самата не би го менувала.

    Не бара многу вештина, бара само малку повеќе храброст во сукањето на потенки кори.

    Доколку сте во рестрикција јајце и млечно можете еднаш во 15 дена или слободно направете го без јајцата.

    Рецепт

    • 4 чаши ( чашата е од 200 мл ) Спелтино брашно
    • 3 чаши ( чашата е од 200 мл ) Ржано брашно
    • 500 мл Топла вода
    • 8 лажици Маслиново масло
    • 1 лажица Химелајска сол

      ЗА ФИЛ
    • 400 гр Урда
    • 2 Јајца

      ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
    • 2 полни лажици Свинска маст

    Инструкции за готвење

    1 | Припрема на тестото

    Во сад се мешаат брашното и солта. Се додава наизменично маслото и водата и се меси меко тесто.
    Тестото ќе ви се лепи на раце ама не му се додава брашно туку се остава околу 20-30 минути да одмори.
    Повторно се премесува и веќе е похомогено, но ако ви е потребно цело време месето го со намрсени раце.

    2 | Припрема на бурекот

    Тестото се дели на топчиња и секое се премачкува со малку масло, за додека се сукаат да не се исуши.
    Корити се сукаат на површина која има доволно масло за да не ви лепи.

    Јас ставав фил на секоја втора кора, мислам дека така е најдобар на вкус. А секоја кора се премачкува со растопена свинска маст или путер.

    3 | Печење

    Фурната се загрева на 200 степени и додека се загрее, бурекот треба да одмори.
    Се пече 60 минути непокриен. Ако ви е појака фурната можете и на 180 степени.

    Кога ќе е готов, се вади од садот во кој се печел и се покрива со крпа да се излади.

    На здравје!

    готви и пишува

    Виолета Златкова

    ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

    Врати се горе