Топла салата со грилован лосос

Сподели

Состојки

За лососот
200 гр. Лосос
1 гол. лаж. Маслиново масло
2 гранчиња Рузмарин
по вкус Химелајска сол
За салатата
4 пар. Шери домат
25 гр. Млад спанаќ
25 гр. Ајсберг марула
25 гр. Црвена марула
25 гр. Зелена марула
по вкус Масло од авокадо
по вкус Сусамово масло
по вкус Сок од лимон
по вкус Химелајска сол

Топла салата со грилован лосос

ГОТВИМЕ СО МАЈА ВОЈНОСКА

  • 25 мин
  • порции 1
  • Лесно

Денес готвиме заедно со Маја Војноска која ни подготви топла салата со грилован лосос. Останатите рецепти на Маја можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.

Овој рецепт може да си го приготвите и за вечера доколку сте во траен режим (вон рестрикција).

Рецепт

ЗА ЛОСОСОТ

  • 200 гр. Лосос
  • 1 гол. лаж. Маслиново масло
  • 2 гранчиња Рузмарин
  • по вкус Химелајска сол

    ЗА САЛАТАТА
  • 4 пар. Шери домат
  • 25 гр. Млад спанаќ
  • 25 гр. Ајсберг марула
  • 25 гр. Црвена марула
  • 25 гр. Зелена марула
  • по вкус Масло од авокадо
  • по вкус Сок од лимон
  • по вкус Сусамово масло
  • по вкус Химелајска сол

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на лососот

На загреана грил тава додаваме една голема лажица маслиново масло за готвење и две гранчиња Рузмарин, кои ги пропржуваме 1-2 минути за да пуштат арома во маслото.

Го тргаме рузмаринот на страна во тавата и ги ставаме парчињата лосос. Секоја страна (горна и долна) филетите од лосос ја пржиме по 5-6 мин.

2 | Подготовка на салатата

Листовите од марула салатата и спанаќот убаво ги миеме и ги оставаме да се исцедат додека го спремаме лососот. Во подлабок сад ги додаваме крупно сечканите видови марула, целите листови спанаќ и исецканите шери домати.

Салатата ја зачинуваме со химелајска сол и ја полеваме со сок од лимон и ладно цедени масла од авокадо и сусам.

Топлите филети лосос ги додаваме врз салатата.

На здравје ручек!

готви и пишува

Хроно Рецепти

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР