Печени ќофтиња во сос од домати

Сочни и превкусни

  • порции 2
  • Лесно

Во моментот кога прв пат направив ќофтиња по хроно и истите ги печев, сфатив дека овие печениве секогаш ќе ми бидат пред пржените.

Сочни и превкусни, а и поедноставни за припрема. Дури и без сосот се преубави.

Рецепт

  • 500 гр. Мелено свинско месо
  • 1 Кромид
  • 2 Зелена пиперка
  • пола врзоп Магдонос
  • 1 лажичка Црвен пипер ( зачин )
  • 1 лажица Маслиново масло
  • 1 лажица Кисела вода
  • 1/4 лажичка Сода бикарбона
  • Сол и бибер

ЗА СОСОТ

  • 1 Кромид
  • 1 Зелена пиперка
  • 1 чешне Лук
  • 4 Домати
  • 1 лажичка Маслиново масло
  • Сол и бибер

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на ќофтињата

Се замесува зеленчукот со месото и се остава барем еден час во фрижидер.

Се печат на 200 степени додека не поруменат, 20-30 минути.

2 | Подготовка на сосост

И за сосот, најдобро е зеленчукот да е блендиран.

Кратко се запржува на тивок оган и се додаваат излупените и блендирани домати. Се вари додека не испари течноста или до посакуваната густина.

На здравје!

готви и пишува

Виолета Златкова

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР