Мафини со блитва

Сподели

Состојки

2 чаши Ржано брашно (чашите се од 200 мл)
3 врзопи Блитва
4 Јајца
1 Прашок за пециво
1 чаша Кисела вода (чашата е од 200 мл)
2 лажици Маслиново масло
2 лажици Сусам
1 мала лажица Химелајска сол

Мафини со блитва

Со `ржано брашно

  • порции 9
  • Средно

Секогаш може да ја замените блитвата доколку не го сакате нејзиниот вкус. Најчесто замената е со 500 грама исчистен и обарен спанаќ. И брашното може да е по ваш избор, доколку не сакате само со `ржано.

Но, со блитвата имаат поинтензивен убав вкус.

Рецепт

  • 2 чаши (чашите се од 200 мл) Ржано брашно
  • 3 врзопи Блитва
  • 4 Јајца
  • 1 Прашок за пециво
  • 1 чаша (чашата е од 200 мл) Кисела вода
  • 2 лажици Маслиново масло
  • 2 лажици Сусам
  • 1 мала лажица Химелајска сол

Инструкции за готвење

1 | Подготовка

Се чисти блитвата и се отстрануваат средишните бели делови. Убаво се мие и се става во зовриена вода околу 5 минути да се обари.

Убаво исцедената блитва се сецка на ситни парчиња.

Јајцата се матат се додека не се добие густина приближно како за торта. Се става солта и пецивото и уште неколку секунди заедно се матат.

Се додава маслото, блитвата, водата и сусамот и со лажица се продолжува со мешањето. Кога ќе се измешаат состојките, постепено се додаваат двете чаши брашно и исто со лажица се продолжува со мешањето.

Последниот чекор со мешањето е најважен и треба да се прави постепено и нежно за да не биде леплива смесата.

2 | Печење

Се печат во загреана фурна на 200 степени околу 30 минути ако се многу мали или околу 45 ако се средна големина.

Кога ќе бидат готови веднаш се вадат од калапот и се ставаат на крпа. Најдобро е барем 10 минути да не се покриваат со ништо за да испари влажноста.

На здравје!

готви и пишува

Виолета Златкова

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР