Брз леб без семиња

Сподели

Состојки

2 чаши (чаша од 200 мл) Ржано брашно
1 чаша (чаша од 200 мл) Јачменово брашно
1 чаша (чаша од 200 мл) Овесно брашно
700 мл Топла вода
4 лажици Маслиново масло
1 Прашок за пециво
1/2 лажичка Сода бикарбона
1/2 Лимон

Брз леб без семиња

И без ферментација

  • Средно

Искрено јас сум навикната во скоро сите лебови да ставам семиња, некогаш помалку некогаш повеќе, па мислев дека вкусот на овој леб нема да ми се допадне. Но, некако и едноставноста знае да освои на свој начин.

За промена излезе вкусен леб.

Рецепт

  • 2 чаши (чаша од 200 мл ) Ржано брашно
  • 1 чаша (чаша од 200 мл ) Јачменово брашно
  • 1 чаша (чаша од 200 мл ) Овесно брашно
  • 700 мл Топла вода
  • 4 лажици Маслиново масло
  • 1 Прашок за пециво
  • 1/2 лажичка Сода бикарбона
  • 1/2 Лимон

Инструкции за готвење

Се мешаат сувите состојки заедно и се става водата заедно со маслото. Се мати со миксер барем 5 минути.

Со мокри раце се обликува лебот на хартија за печење или ако ви е полесно во калап за печење. Само внимавајте ако го обликувате со раце, не го притискајте премногу тестото затоа што на тој начин ќе биде полеплив лебот.

Се пече во загреана урна на 200 степени околу 70 минути. Доколку ви е јака фурната печете го на 180 малку подолго.

На здравје!

готви и пишува

Виолета Златкова

Ви се допадна? :)

Ви благодарам на 3-те коментари. Скриј ги коментарите

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР